Потврден и третиот нацрт амандман во Комисијата за уставни прашања

by fokus

Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независнот на соседните држави, е содржината на нацрт амандманот 35 за кој денеска се расправаше во Комисијата за уставни прашања.  Според опозицијата амандманот е непотребен, бидејќи Македонија немала и нема територијални претензии кон ниту една соседна држава. За власта амандманот е зајакнување на терторијалниот интегритет.

И денеска не изостанаа критиките од опозицијата дека со Договорт од Нивици Македонија го губи националниот идентитет.

Првите два амадмани со кои пред името Македонија се додава придавката „Северна“  и за промена на преамбулата веќе добија зелено светло во матичната комисија. Сега ќе треба да добијат поддршка и од членовите на законодавно-правната, пред да се најдат на пленарната седница закажана за 1ви декември.

Поврзани новости