Протест за слобода на Брат Љубе

by Фокус

„Обединети за Македонија“ денеска повторно се на протест пред Министерството за правда. Тие уште еднаш го повикаа директорот на затворот во Идризово, Живко Пејковски, да потпише ослободување на Љубе Бошкоски затоа што неговата казна е издржана. Имено, приврзаницит на Бошкоски повикуваат директорот да го искористи законското право за предвремен отпуст што според практиката се користи во сите затворски случаи кога затвореникот е примерен, нема други дела, не предизвикувал инциденти, нешто што го исполнува Бошкоски.

Затоа неговата партија смета дека не смее Бошкоски да биде во затвор до 5-ти јуни, кога и официјално му истекува пет годишната казна, туку до сега веќе требаше да биде на слобода, осносно тоа требаше да се случи на почетокот на минатиот месец. Демонстрантите порачаа дека со ова директорот на затворот е дел од тортурата која се спроведува врз Бошкоски, започната уште на денот на апсењето, па се до денес, кога некој под притисиок на власта не сака да потпише решение за слобода на Бошкоски.

Обединети за Македонија ќе поднесат кривична пријава против Пејковски за одбивањето да се согласи Бошкоски како примерен затвореник да излезе порано од затвор со оглед дека прописите така определуваат. Директорот во еден негов настап го спомена слуачјот „Ровер“ со ликвидацијата на Марјан Тушевски како причина која би го отежнала излегувањето на Бошкоски, но таквите аргументи не се основани затоа што прво во тој предмет нема определено мерка притвор за никого и затоа што предметот е вратен на ново првостепено судење, откако апелација ги укина кзаните.

Поврзани новости