Протест за малиот Алмир пред Собранието: „Да ја поздравиме г-ѓа Могерини“

by fokus

Додека високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија и заменик-претседател на Европската комисија, Федерика Могерини ќе се обраќа во Собранието, пред зградата на законодавниот дом ќе се одржува протест од иницијативата „Правда за Алмир“.

„Во 9:15 пред Собрание на РМ, да ја поздравиме г-ѓа Могерини“, повикуваат од иницијативата.

Од таму неколку пати потсетија дека ќе ја продолжат борбата за случајот со малиот Алмир, но и за други случаи за кои ќе има индиции за неправедни пресуди. Иницијативата веќе испрати писмо до амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија, амбасадорите на земјите членки во НАТО, ОБСЕ, како и до шефовите на делегациите на ЕУ и ОБСЕ во Македонија, во кое го бараат нивното внимание случајот со Алмир.

Поврзани новости