Уште двајца сведоци ќе дадат исказ за „Насилство во општина Центар“

by fokus

Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи ново рочиште за случајот „Насилство во општина Центар“, кае исказ треба да дадат двајца сведоци.

Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Поврзани новости