Активисти и членови на партијата на Љубе Бошкоски најавуваат протест пред затворот во Идризово за во понеделник. На протестот кој е закажан во 11 часот ќе биде повикан директорот на затворот, Живко Пејковски да одговори чии наредби спроведува и дали е подготвен да ја презема одговорноста за намерното продолжување на престојот на Љубе Бошкоски во затворот во Идризово.
Според партијата, Љубе Бошкоски треба да излезе од затворот веќе следната недела, но директорот одбива да му ги даде трите месеци кои го следуваат екс министерот за внатрешни работи, мерка која досега исклучиво е спроведена и ја добил секој затвореник. Од партијата веќе кажаа дека ги знаат нарачателите кои побарале да остане Бошкоски во затвор додека не поминат изборите на 5 јуни, а како што најавија, ќе ги соопштат на јавноста.