Спасовски посети повреден полицаец

by Фокус

Министерот Оливер Спасовски во Ургентниот центар во Скопје го посети полицаецот кој беше повреден во синоќешните настани во општина Бутел и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување, соопшти МВР.

Во синоќешните настани беа повредени уште тројца полицајци, но по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејбук профил објави фотографија под која напиша:

-Посета на повреден припадник на македонската полиција во синоќешните настани во општина Бутел. Честитки за храброста со желба за брзо закрепнување.

Полицајците беа повредени при немирите во Бутел кога група демонстранти од македонска националност сакаа да се пробијат преку полицајците за да се судрат со демонстрантите на ДУИ.

Поврзани новости