Марш против енормното загадување на воздухот во земјава, денеска се одржа во Скопје. Стотици граѓани, на велосипеди и со маски на лицето, дојдоа пред Влада и и порачаа смртоносното загадување да и биде врвен приоритет. Граѓаните бараат итни, а не декларативни мерки.
-Не станува збор веќе за криза, за проблем, ова е сега елементарна непогода. Еквивалентно е на пожар, на поплава, исто како поплавите што ги имавме во Стајковци. Светска банка излезе со статистика дека 1 350 луѓе годишно умираат, значи 4-ца дневно гинат, а тоа се жртви на загадениот воздух –алармираат активистите.
Порачаа дека после празниците повторно ќе излезат на протест, а преку петиција ќе поднесат колективна тужба за надлежните кои не преземаат мерки и покрај високото ниво на загадување, кое ја надминува дозволената граница и над дваесет пати.