550
Илјадници католици од Италија и странство денеска одржаа протестен марш во Рим против начинот на кој Ватикан го решава прашањето со свештениците педофили.
Учесниците во протестот, меѓу кои и жртви на злоставување, носеа транспаренти на кои се осудува молчењето на Ватикан во однос на таа појава.
Денешниот марш е одржан додека во тек е четиридневниот самит, во организација на папата Франциско, со цел да се изработи стратегија со која би се спречила педофилијата во свештеничките редови.