Шест години се бори со карцином, дала отказ од работа, но ја оставиле и без пензија

by fokus

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување  од 54 годишната Јованка Бубало, која боледува од карцином, побарал да се откаже од работата со цел да добие право за пензија. Јованка ги следела препораките од ПИОМ, но се случило  неочекуваното, таа иако се откажа од работата, сепак добила негативен одговор за инвалидска пензија, пренесе ТВ21.

Јованка се враќа од лекар. Таа секој ден оди на терапија. Веќе шест години се бори со карцином. Прво ја оперирала десната града а по две години и левата. Јованка раскажува дека по осум хемотерапии, карциномот и преминал и во црниот дроб. Ова болест, освен сила и мотив за живот, бара и соодветен третман, вели Јованка.

Јованка не може да ги покрие сите трошоци. Добила и лекарска потврда дека не е во состојба да работи и дека има трајна болест. На 31 мај, минатата година ги доставила документите за инвалидска пензија. Но од Фондот  по два месеци и вратиле дека треба повторно да ги достави документите, и плус „Решение за отказ од работа„ и М-2 за одјава. А на вториот одговор од ФПИОСМ се вели дека Јованка нема 12 години работен стаж, како што е предвидено со Законот за инвалидско осигурување. Јованка ја обжалила оваа одлука бидејќи, како што вели таа, Фондот ги имал сите документи и знаеле дека има само шест години работен стаж.

Поврзани новости