1.1K
Ученици Македонци и Албанци, со поддршка и од родителите, денеска протестираа против онлајн наставата во Куманово.
Околу 14 часот учениците од основни и средни училишта со настава на македонски јазик се собраа и тргнаа низ улиците на Куманово кон центарот.
Во исто време, протест започнаа и ученици од гимназијата „Сами Фрашери“, каде настава се изведува на албански наставен јазик.
Двете групи половина час подоцна се собраа пред зградата на Општина Куманово, каде побараа да се укине онлајн наставата и тие да се вратат во училишните клупи.