Николовски: Наместо да вртат струмички камиони во РЕК, Заев да издвои 10 милиони евра за лозарите

by Фокус

Продолжува откупот со катастрофални цени од денар и половина за килограм смедеревка и два денари за килограм вранец, лозарите никогаш не биле понижени со вака ниски цени, вели Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-За потсетување Заев ветуваше откупни цени од најмалку 9 денари за килограм смедеревка и 11 денари за вранецот. Проценетата вредност на килограм грозје според трошоците треба да биде најмалку 15 денари, реалноста со Заев на власт е два денари за тие што ќе успеат да го продадат своето грозје. Македонските лозари се излажани повторно од Заев и старо-новата Влада. Апелирам до власта да се помогне на луѓето и државата да направи интервентен откуп и да помогне на лозарите. Интервентен државен откуп е единствено решение за оваа сага на лозарите. Доволно е Заев да го направи тоа што го бараше како опозицонер во 2016 година. Да издвои 10 милиони евра за лозарите во Македонија. Наместо да ги троши на коли, цветни аранжмани и слични глупости, да ги потроши на лозарите, или да намалат да вртат непотребно струмичките камиони во РЕК Битола и да се најдат пари за интервентен државен откуп на цело преостаното грозје по гарантирани цени кои нема да се под 9 односно 11 денари“, напиша Николовски на фејсбук.

Поврзани новости