Протест во Белград: „Не го даваме Косово“

by Fokus

Пред храмот „Свети Сава“ во Белград вечерва се одржува протест на опозициски партии во Србија кои се десно ориентирани, а против француско германскиот предлог за Косово и Метохија. Под паролота „Србија памти, брани и не дава“, демонстрантите маршираат до Андричевиот венец.

Демонстрантите имаат три барања: да се одбие европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Вучиќ да поднесе оставка и веднаш да се распишат избори.

На транспарентите пишува: „Не го даваме Косово“, „Косово е срцето на Србија“, „Не на капитулацијата“, „Не ја даваме нашата светост“. Демонстрантите извикуваат навреди кон српскиот претседател Александар Вучиќ.

Протестот се одржува пред средбата на Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, која треба да се одржи во Охрид.

Фото: Nova.rs

Поврзани новости