Денеска во 18 часот на кејот на реката Вардар ќе се одржи мирен протест против изградбата на панорамското тркало, насловен како „Скопје не е Дизниленд”. Протестот го организираат група граѓани преку преку социјалната мрежа Фејсбук.
Во официјалната покана на Фејсбук се наведува дека на преку протестот ќе се испрати порака дека на Скопје не му требаат нови долгови и идеолошки Дизниленд.
-Сакаме да им порачаме на одговорните дека СКОПЈЕ НЕ Е ДИЗНИЛЕНД и ова лудило МОРА да сопре. Продолжуваат да се градат контроверзни зданија и споменици без соодветна јавна дебата и консултација со жителите на овој град.Ние не сакаме нашите поколенија да отплаќаат долгови со непоимливи камати за оваа естетска и политичка катастрофа.Кога во градот имаме над 30 проценти невработеност, незадоволителна инфрастуктура и илјадници луѓе на минимална плата од 8.000 денари кои немаат доволно ни да си ги прехранат фамилиите, на Скопје не му требаат нови долгови и идеолошки Дизниленд.На Скопје му треба модерна инфрастуктура и прогресивни идеи за развој на економијата и соживот, се наведува во поканата на објавена на Фејсбук.