639
Неколку патриотски здруженија организираат денеска протест по повод доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас. Протестот ќе почне пред Порта Македонија во 11.00 часот, по што демонстрантите ќе се придвижат кон Министерството за надворешни работи, а од таму кон Владата.
„СТОП НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ! ДА ГО ПРЕЧЕКАМЕ КАКО ШТО ДОЛИКУВА! ДА ГО ПРЕЧЕКАМЕ ПО МАКЕДОНСКИ! ДА МУ ПОКАЖЕМЕ ДО КАДЕ Е И ЧИЈА Е МАКЕДОНИЈА!“, стои во најавата за протестот.
Како организатори се јавуваат Народен фронт за Македонија (Македониум, Христијанско Братство, Филип Петровски, Тврдокорни).