Повеќе илјади луѓе се собраа денеска во Мадрид во знак на протест поради прогласување на независноста на Каталонија. Демонстрантите се собраа на плоштадот Колон, еден ден откако каталонските регионални власти прогласија независност на тој шпански регион, пишува Радио Слободна Европа.
Пратениците во каталонскиот парламент прогласија независност на тој регион, а набрзо потоа Сенатот на шпанскиот парламент го одобри предлогот Владата да ја преземе контролата над Каталонија и да воведе вонредни мерки во таа област во согласност со членот 155 од Уставот на Шпанија.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој кој сега го заменува каталонскиот лидер Карлос Пуџдемон го распушти регионалниот парламент и распиша избори во Каталонија за 21 декември.
Пуџдемон и 12 членови од неговиот кабинет веќе нема да примаат плата од државниот буџет и можат да бидат обвинети за узурпирање на туѓите функции, ако одбијат да се повлечат.