Гловер: Изборите ќе ги коментираме по завршувањето

by fokus

Одржувањето на регуларни избори е од исклучителна важност за Македонија, а тоа може да се постигне само ако се почитуваат законските норми и ако на граѓаните им се дозволи слободно да го остварат своето загарантирано право на глас. Ова за Алсат М го изјави шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, Одри Гловер, која подвлекува дека нивната мисија е целосно непристрасна и на прецизен начин ќе ги детектира евентуалните нерегуларности.

-Се уште не е завршен целиот изборен процес, бидејќи се уште го имаме вториот круг. Во ова фаза ние се уште не можеме да ја видиме целосната слика и не можеме да коментираме. Но, ние по првиот круг рековме дека постои законска рамка која ако се спроведува овозможува одржување на демократски избори, одговорила Гловер на прашањето за оцена на изборите.

На прашањето која е важноста на овие избори за демократијата во земјата, Гловер одговорила:

-Секои избори се важни, бидејќи на гласачот му овозможуваат да гласа и да направи избор меѓу кандидати. Кандидатите имаат можност да прават кампања под еднакви услови а гласачите можност да избираат. Ние секогаш велиме дека локалните избори се важни, бидејќи гласачот е многу повеќе заинтересиран за неговите локални проблеми, како на пример, собирањето на отпадот, улиците итн. Затоа е многу важно на локалните избори да обезбедиме гласачот да може да види за што е кампањата и што велат кандидатите. Овие избори се многу интересни. Бидејќи имало многу средби кои на граѓаните им овозможија да видат што ќе направат номинираните кандидати“.

 

Поврзани новости