Протест против корона: Нема вирус, не сум видел никој да кашла во цела држава!

by Фокус

Група граѓани денеска се собраа на протест против, како што велат, лажната пандемија, принудното вакцинирање и монтирањето на 5G антените. Тие велат дека власта ги крши правата и слободите на граѓаните и ги обвинија и медиумите дека шират лажни информации. Воедно, побараа здравствените власти да ги објават имињата на заразените и починатите од корона вирусот.

-Овој собир е за да го искажеме нашето незадоволство против 5Г технологијата, принудното вакцинирање, измислиците за корона вирусот и малтретирањето на народот. Зошто Филипче не го објави списокот на починати? Со скршена нога, умрел од корона, со прелет црева, а умрел од корона – рече еден од демонстрантите.

Друг, пак, изјави дека дека шетал низ цела држава и, како што рече, ниту видел некој да паѓа, ниту да кашла, ниту некој му кажал дека има корона.

За време на протестот, полицајците неколку пати ги опоменаа присутните да држат растојание и да не се групираат. На крајот, интервенираше и полицијата. Од МВР соопштија дека против 7 од присутните на протестот се преземени мерки за непочитување на уредбите и мерките за јавен собир и групирање, а едно лице е приведено во полициска станица.

Поврзани новости