Протест пред собрание: Да не се менува уставното име, битката ќе ја добиеме на ненасилен начин

by Фокус

Организаторите протестот против договорот за промена на уставното име, кој веќе започна пред собранието, повикаа на мирен начин да го изразат незадоволството.

-Да покажеме пред светот дека сме мирољубив народ, ќе ја добиеме битката на интелектуален начин. Ние не сакаме да живееме во Северна Македонија. Ние сме Македонци, а името на нашата држава е Република Македонија. Не сакаме да бидеме дискриминирани. Ние не прифаќаме договор што го заманува нашиот идентитет и суверенитет – порачаа воведните говорници.

Еден од нив беше внукот на Никола Карев, кој преку видео врска побара да не се менува уставното име на државата.

Поврзани новости