474
Во очекување на одлуката на Апелацискиот суд за притвор на бизнисменот Сеад Кочан осомничен во „Труст“, случај што го отвори СЈО, се одржуваат протести пред зградата на судот.
Протестот почна во 13,30 часот. На булеварот Крсте Мисирков има собрано околу 200 граѓани вработени во „Трансмет“.
Тие се дојдени со шест товарни возила и го блокираат сообраќајот кој е пренасочен од крстосницата на булеварот Крсте Мисирков со булеварот Кузман Јосифовски Питу спрема бул. Гоце Делчев.
ФОТО: Љубиша Станковиќ