Протест поради смртта на тинејџерка во Индија

by Фокус

Најмалку 20 полицајци се повредени денеска во јужна Индија додека се обиделе да спречат толпа да запали автобуси паркирани во училишен комплекс, откако една ученичка извршила самоубиство, јавуваат локалните медиуми.

Демонстрантите насилно влегоа во училишниот кампус во областа Калакуричи во јужната држава Тамил Наду и ги запалија училишните автобуси и полициските возила.

Тие побараа правда за смртта на ученичката, која била пронајдена мртва во средата во хостел на приватно училиште.

Наводно оставила порака во која изјавила дека двајца професори ја мачеле неа и некои други ученици терајќи ги постојано да учат.

Родителите и учесниците на протестот побараа независна истрага за случајот.

Наставниците и раководството на училиштето ги негираа сите обвинувања за малтретирање на учениците, додека локалните медиуми објавија дека полицијата не нашла докази против нив.

Поврзани новости