568
Приштинскиот Студентски парламент денеска ќе одржи протест пред Ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ во главниот град на Косово. Тие бараат подобрување на условите за студентите и зголемување на правата за претставување на нивните интереси.
– Го осудуваме секое мешање и уцените што ни се вршат преку одредени лица. Ќе ги посочиме сите тие што мислат да го дестабилизираат Студентскиот парламент, бидејќи сме решени да го браниме нашиот Универзитет секогаш кога ќе се укаже потреба и секогаш во одбрана на правата на студентите на Приштинскиот универзитет, се вели во повикот на студентската организација.