Груевски не смеел да биде уапсен во ниедна земја при неговото бегство, вели заменик министерот за правда во Владата на Заев

by fokus

Заменик министерот за правда во владата на Заев, Оливер Ристовски, потврди дека Србија немала обврска да го задржи и уапси осудениот екс премиер, Никола Груевски, кога тој поминувал низ оваа земја во своето бегство до Унгарија.

Во интервју за „Политика“, Ристовски укажува на фактот дека за Груевски не била распишана меѓународна потерница.

-Колку што ми е мене познато, од Владата на Република Македонија немаше упатено критика кон Србија, ниту беше побарано објаснување за тоа што Груевски не е уапсен. Ниту една од соседните држави низ кои поминал Груевски, пред да биде распишана меѓународна потерница, не смеела да го уапси за дела кои се направени во Македонија. Не знам зошто воопшто е тоа предмет на дискусија – вели Ристовски.

Поврзани новости