1K
Жители од прилепската населба Тризла со мирен протестен марш од населбата до градскиот базен денеска, од 12 до 14 часот го изразија, како што велат, револтот поради дискриминација.
Пред три дена група Роми не биле пуштени да ги користат услугите на Градскиот базен, а најавуваат претставка до комисијата за спречување на корупцијата и судски случај.
Инаку, на денот на инцидентот, сопственикот на спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, Борис Темоски ги отфрли сите инсинуации за дискриминација и нагласи дека станува збор за почитување на мерките и прописите, посебно во време на пандемија, за користење на Градскиот базен.