Протест на родителите од училиштето „11 Октомври“

by Фокус

Педесетина родители на ученици во основното училиште „11 Октомври“ во Центар денеска одржаа мирен протест во дворот на училиштето. Тие се незадоволни од тоа што не се сигурни кој ја врши функцијата директор во училиштето, а решение за нивните барања и понатаму нема.

– Причината поради која што дојдовме овде е да ги повикаме сите надлежни институции од Министерството за образование, од општината, инспекторатите, со малку поголемо внимание да ги донесуваат одлуките, бидејќи се работи за најранлива категорија – децата, рече еден од родителите.

Доколку ситуацијата не биде решена, родителите велат дека нивните деца нема да посетуваат настава во ова училиште.

Поврзани новости