Протест на Кожуф против изградба на две мини хидроелектрани

by Fokus

Десетици граѓани денеска протестираа во населбата Смрдлива Вода на планината Кожуф против изградба на мини хидроелектрани во месностите „Баров дол“ и „Папради“.

Со транспаренти „Сакаат да ја убијат Кожуф Планина“, „Мини хидроелектрани нема да има“, „Запрете сѐ за, за пусти пари се запустивте“, „Кожуф е наш“, „На Дошница никој нема да гради хидроелектрани“ граѓаните го изразија револтот против изградба на мини хидроелектрани на реката Дошница.

„Владата на Република Македонија да донесе Одлука за стопирање на сите активности поврзани со изградбата на малите хидроелектрани ‘Папрад’ и ‘Баров дол’ на реката Дошница на планината Кожуф, рок – 30 дена. Владата на Република Македонија да донесе Одлука за отпочнување на постапка за прогласување на планината Кожуф како Национален парк – рок 90 дена. Владата на Република Македонија да донесе Одлука со која ќе го задолжи ресорното министерство за Земјоделие, шумарство и водостопанство за изработка на Проект за трансформација на подржуниците на Државното претпријатие за шуми во Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија во Јавно претпријатие за управување со Националниот парк Кожуф, рок – 90 дена“ – стои во барањата кои организаторите ги базираат на заклучоците на Конференцијата на Обединетите нации за Климата и склучениот Климатски пакт, чиј потписник е и земјава.

Поврзани новости