Членовите на Студентскиот пленум, кој од утрово протестираат пред Ректоратот на УКИМ поради дрвосечата за да се изградатат објекти на Факултетот за информатички технологии и компјутерско инжинерство и на Факултетот за физичка култура, ги повикаа студентните и граѓаните да им се придружат бидејќи им се случува контрапротест на професори и студенти токму од овие факултети.
Инаку, студентите протестираа поради тоа што не биле консултирани за изградба на новите објекти во дворот на УКИМ и побараа оставка од ректорот Велимир Стојковски поради тоа што дозволил да биде нарушена автономијата на Универзитетот.
Контрапротестантите веќе стасаа на лице место, па дури и почнаа да садат дрва, за да покажат дека не се против дрвата, туку само за изградба на нови објекти за нивните факултети.