Протест на антиваксери во Белград: Полицијата и новинарите нападнати со јајца

by fokus

Околу 1.000 демонстранти, противници на вакцините, излегоа на улиците во главниот град на Србија во близина на Филозофскиот факултет.

Според весникот „Блиц“, полицијата ги опколила демонстрантите за да спречи евентуални немири.

По првичните тензии со фрлање на запаливи предмети, ситуацијата полека се смирила, објавија српските медиуми. Еден од организаторите им се обратил на собраните луѓе, зборувајќи против вакцинацијата.

Во еден момент, група демонстранти го продолжиле протестот пред зградата на српската Влада, каде едно лице почнало да фрла јајца кон полицијата и новинарите, по што, според некои медиуми, било отстрането.

Поврзани новости