Недостасуваат 73 реонски попишувачи од Турскиот народ, реагираат од координативното тело за пописот

by fokus

Електронската апликација за Пописот 2021 не функционира на турски јазик, а при избор на реонски инструктори и реонски попишувачи не е запазена етничката структура, така што има вкупно 73 реонски попишувачи од Турскиот народ во РСМ помалку од предвиденото, реагираат од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Северна Македонија.

– Ние – Националното Координативно Тело за Пописот на Турскиот народ во РСМ, како најголем орган што ги пренесува ставовите на Турскиот народ во РСМ, очекуваме горенаведените забелешки да бидат решени во најкраток можен рок, како пописот би продолжил во позитивна насока, се вели пишаната реакција што ја испратија денеска од ова национално координативно тело.

Приговорите, се вели во соопштението, се испратени до директорот на Државен завод за статистика Апостол Симовски, заменик директорот на Државен завод за статистика Илми Селами, министерот за правда Бојан Маричиќ и до заменик министерот за правда Агим Нухиу.

За пропусите, исто така, известени се и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Артан Груби.

Поврзани новости