637
Акцијата „Лажни пророци“ е серија од протестни изведби во јавен простор на неколку песни од Блаже Конески. Активистите и уметниците изведуваат песни на локации урнисани од проектот „Скопје 2014“, објави A1 он.
Дел од изведбите на песните на Конески се придружени со формирање живи скулптури кои асоцираат на естетиката и симболиката на спомениците од НОБ, историски период тенденциозно запоставен изминативе десетина години.
Живата скулптура ја носи и симболиката на отпор против сфаќањето на културата исклучиво како нешто мртво и опредметено, а ја афирмира културата на живост и во протестна и активистичка смисла