511
Согласно денешната владина одлука, по повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија, Владата в сабота ќе организира прослава на платото пред зградата на Владата со пригодна културно – уметничка програма.
Засега, нема повеќе информации за тоа колкав ќе биде буџетот за прославата, ниту кој ќе настапи.