Заев од Карпош: Никој повеќе нема да си прави „бајрам на мозокот“ да ни ја загрозува целовитоста на државата

by fokus

Премиерот Зоран Заев вечерва на трибина во Карпош ги објаснуваше причините зошто оваа Влада одлучила да ги реши сите проблеми кои стојат на патот на евроинтеграциите.

-Првата причина зошто се решивме на овој пат. Прво се бенефициите од интеграциите. Денеска Македонија од сите свои пет соеседи со кои бевме скарани, со сите сме одлични пријатели. Втората причина беше созреаноста на времето. Сите Влади се обиделе да го решат проблемот со името, но не било дојдено времето. Сега се погодивме две левичарски влади. Имаме нов пријател, од непријател. Тоа е голема придобвика. Третата причина беше регионалните консталации кои се случуваат околу Македонија. Како премиер сум најинформиран. Македонија да ја обезбедиме, да ја зачуваме целовитоста, никој повеќе да не си прави „бајрам на мозокот“ да ни ја загрозува целовитоста на државата. НАТО е најмоќниот сојуз во светот, рече Заев.

 

Поврзани новости