388
Францускиот финансиски обвинител отвори истрага за да ги испита сомнежите за наводно незаконско финансирање на кампањата на францускиот претседател Емануел Макрон во 2017 година и врски со американската консултантска групација Мекинси, објави весникот Le Parisien.
Обвинителството потврди дека ја проширило постоечката истрага за наводна даночна измама од страна на Мекинзи за да открие каква улога играла консултантската група за време на претседателските кампањи во 2017 и 2022 година, пренесува „Ројтерс“.
Обвинителството наведува дека истрагата не е насочена против Макрон.
Канцеларијата на Макрон не одговори на барањето за коментар и одби да ја коментира изјавата на обвинителот.
Мекинзи негира вмешаност во какви било незаконски активности.