На референдумот во Ново Село против отворање на рудникот за злато Иловица на планината Огражден не излегоа потребните на 50 отсто од гласачите, што значи дека референдумот е неуспешен.
Според информациите од активистите на „Здрава котлина“, излегле под 40 отсто од запишаните граѓани со право на глас, со што не е исполнет законскиот цензус референдумското изјаснување да добие легитимитет.
Причината за неуспешноста на референдумот е избирачкиот список кој не соодејствува со реалната слика на теренот. Околу 40 отсто од граѓаните на Општина Ново Село, а може и повеќе, се иселени во странство. Во подгорските села се само возрасни стари луѓе. Дел од нив дојдоа да се изјаснат, но не беше доволно. За нас референдумот е успешен, бидејки околу 3.500 граѓани на Општина Ново Село кои живеат и работат овде, јасно кажаа дека се против изградбата на рудникот за смртта на Огражден“, изјави за СДК, Стојан Велков – Трн претседател на здружението „Здрава котлина“, иницијатори на референдумското изјаснување против рудници во општините во Струмичко.