640
Телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и извадено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче е на 38-годишната Даниела Пецевска од Драчево, потврдија МВР за МИА.
Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство.
По скопјанката Пецевска се трагаше од 11 февруари, кога нејзиното исчезнување во полициската станица во Драчево го пријавил нејзиниот сопруг.