Пронајдено телото на двегодишно девојче кое исчезна во Германија, паднало во река и се удавило

by Fokus

Нуркачи утринава го пронајдоа телото на двегодишната Мелиса од Бинген-Хицкофен (област Зигмаринген). Мелиса исчезнала околу 17 часот во неделата од семејната куќа.

Утрово десет нуркачи од водената полиција се вратија во реката Лаушет. Службата на ДЛРГ била и дежурна со чамец и сонар. Силите го пребарале делот од реката од пет километри до вливот во Дунав кај Зигмарингендорф, пишува Феникс Магазин. Сè укажува дека Мелиса паднала во реката со пижами на неколку метри од куќата на нејзините родители, пренесуваат германските медиуми.

Во момент на невнимание, малото девојче наводно излегло од родителската куќа облечено само во пижами. Полицијата веднаш почнала да трага по детето.

Полицајците најпрво ја пребарале областа покрај реката, барајќи траги кои би ги довеле до исчезнатото девојче. Родителите повикале полиција во неделата вечерта околу 18.30 часот. Тие рекоа дека нивната мала ќерка ја нема. Исчезнувањето на детето родителите го забележале околу 17:00 часот. По повикот на родителите, полицијата започна масовна потрага.

Поврзани новости