Пронајдено телото на 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар кај Градско

by irena 21:24
21:24

Пронајдено е телото на 16-годишното девојче, Теодора Бабариќ која на 24 јули исчезна во водите на реката Вардар во општина Градско.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото на девојчето е најдено денеска во 12:10 часот во водите на Вардар во близина на Старо Градско.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Во потрагата за девојчето беа вклучени припадници на МВР и на специјалната единица Волци“ на Армијата.

Исчезнувањето на девојчето беше пријавено од страна на нејзината сестра на бројот за итни повици.

Покрај девојчето, беше пријавено дека во водите на Вардар е исчезната и 26-годишна жена, но таа беше пронајдена жива.

Слични вести