Пронајдено малолетното девојче од Скопје, кое вчера беше пријавено за исчезнато

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денес во скопската населбата Лисиче е пронајдено малолетното девојче, за кое нејзината мајка вчера пријавила дека ја нема.

-Денеска (26.09.2023) од тимот за потраги при ОКР Центар и Бит Пазар во населба Лисиче  во Скопје пронајдена е М.К. (14), за која од страна на нејзината мајка Д.К. на 25.09.2023 беше пријавено дека се оддалечила од домот. Малолетничката е предадена на родителот, соопшти МВР.

Поврзани новости