970
МВР информира дека вчера во 08.23 часот пристигнала пријава до СВР Скопје дека пред влез во подрумските простории на основно училиште во с.Сопиште, скопско, биле пронајдени траги од крв.
„Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле увид и бил подигнат примерок за вештачење“, соопштија од полицијата.
Досега нема пријавено повредено лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.