758
Двете хаски Астра и Зоне на обвинителката Ленче Ристоска, кои изминатата ноќ беа украдени од дворот на семејната куќа во Лешок, се пронајдени и вратени дома.
Ристоска утринава објави дека двете хаски не може да преживеат без инсулин бидејќи имаат шеќерна болест и се слепи.
По неколку часа соседот Самет ја врати Зоне, а сега и Јована ја пронајде Астра.
„Астра е дома благодарение на Јована!Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат“, напиша Ристоска на фејсбук.