450
Два ранци, лична документација и појас за спасување се најдени во интензивната потрага за тројцата момци кои исчезнаа во водите на Дунав откако се преврте чамец. По нивните тела се уште се трага. Инцидентот се случи во саботата, при што еден од мажите кои се наоѓале во чамецот успеа да се спаси така што испливал на брегот.
Потрагата се одвива со незапирливо темпо, велат од полициската испостава за безбедност на реките.
-Ситуацијата е непроменета. Секој ден трагаме по тројцата момци. Вклучена во потрагата е целата расположлива техника, како и дронови. Не терен се околу триесетина луѓе – велат од таму.
Денеска е петти ден откако исчезнаа момците на возраст од 36,37 и 38 години.
Фото: Nova.rs