500
Жителите од селото Кожле пронашле делови од урнатиот авион. Според досегашните информации, телата на патниците се уште не се пронајдени, иако неофицијално очевидци сведочат за остатоци од јаглосано тело.
Полицијата сепак потврдува дека сите шестмина патници се загинати. Од нив четворица биле италијански и двајца биле косовски државјани.
Од МВР велат дека увидот на местото и пребарувањето на теренот ќе се извршат утре поради лошите временски услови.
Германскиот приватен авион од марка „Пејпер” полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.