946
Остатоци од подморницата на индонезиската морнарица, што во средата исчезна со 53 члена на екипажот, се пронајдени длабоко во Балиското Море, со што се потврдија стравувањата дека бродот потонал и се распаднал, изјави денеска началникот на индонезиската морнарицата.
Подморницата „КРИ Нангала-402“ исчезна без трага во средата рано утрината во близина на индонезискиот остров Бали, каде учествуваше во воена вежба.
-Пронајдените остатоци се предмети од внатрешноста на подморницата, како сунѓери, шишиња со масти и предмети што се користат за молитва. Телата на членовите на екипажот не се пронајдени, изјави началникот на штабот, адмирал Јудо Маргоно, пренесе „Њујорк Тајмс“.