Кирацовски: Кога бев генерален секретар на СДСМ, кај Пауновски ми се допаѓаше пркоста

by Fokus

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски застана во одбрана на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, откако беше најавено дека ќе биде разрешен од неговата функција.

„Да не се разрешува директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, туку да се променат критериумите за рамковна распределба на вработените по рамковниот договор. Административците по рамковниот концепт треба да бидат артикулирани во системот, согласно критериумите кои важат за сите останати, без нивно привилегирање на штета на истиот. Кога веќе силно се залагаме за подигнување на критериумите на високо професионално ниво во администрацијата и државниот апарат, неупатно и погрешно е да го менуваме оној кој најдоследно ги применува. Можеби јавната конфронтација на Пауновски е политички несмасна и спротивна на професионалниот кодекс на однесување, но неговата смена во овој момент би била грешна порака, спротивна на евидентните заложби. Додека бев генерален секретар на СДСМ, она што ми се допаѓаше кај Пауновски беше токму пркосот на принципиелна, аргументирана основа. Тогаш можев да иницирам негова смена во еден миг, но знаејќи дека раководители со интегритет е она што му е потребно на нашите институции, таквиот потег би бил удар врз истите и одлука против сам себе и своите уверувања“, напиша Кирацовски.

Поврзани новости