Пронајдени остатоци од човечки скелет во канал во Ѓорче Петров

by Fokus

Остатоци од човечки скелет завиткани во крпа, биле пронајдени во канал покрај пругата во близина на ул. „Радушка“, во Скопје.

-На 25.09.2022 во 14.07 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во канал покрај пругата во близина на ул.„Радушка“ биле пронајдени остатоци од човечки скелет завиткани во крпа. – информираат од МВР.

Увид бил извршен на лице место, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости