571
При истовар на товарно возило и полуприколка со кумановски регистарски ознаки во фабрика во Виница биле пронајдени двајца мигранти, А.Ј.(23) и М.Н.(26), двајцата од Сирија. Поради тоа полициски службеници од Полициската станица Виница вчера го лишиле од слобода Џ.С.(51) од с.Романовце, Kумановско.
Како што соопшти МВР, за настанот бил запознаен Јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.