529
Дваесет и четиригодишна девојка починала од засега нејасни причини, а нејзиното безживотно тело го пронашол нејзин роднина.
-На 12.10.2018 година околу 21.30 часот во куќа на улица „Солунска“ во Битола, сопственост на Г.Б., починала неговата внука Љ.В.(24) од село Сладуево, демирхисарско. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, а лекар констатирал смрт без видливи знаци на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, информираат од МВР.