595
На подрачје на општина Кисела Вода синоќа во 22:10 часот од полициски службеници од СВР Скопје од слобода се лишени четири лица бидејќи при контрола на возило управувано од еден од нив е пронајдена марихуана.
МВР денеска соопшти дека се приведени М.Т.(29), Б.Ј.(28), Ф.Л.(21) и В.М.(23) сите од Скопје, а со возилото во кое е пронајдена и одземена марихуаната управувал Б.Ј..
По целосно документирање на случајот, се наведува во соопштението, ќе биде поднесен соодветен поднесок.