Синот на Бајден под истрага за затајување данок

by Fokus

Хантер Бајден, синот на претстојниот американски претседател Џозеф Бајден, потврди дека е под истрага за затајување данок, а истрагата ја водат сојузните обвинители во државата Далавер.

Тој  изјавил за медиумите дека „сериозно го разбира“ овој случај, но дека не е убеден за „објективниот пристап“, но истрагата ќе покаже дека своето работење го вршел „легално и на соодветен начин“.

Транзицискиот тим на новоизбраниот претседател соопшти дека Џо Бајден е „многу горд на својот син“, додавајќи дека „храбро се носел со сите предизвици, вклучително и со пакосните лични напади од кои излегол уште посилен“.

Хантер Бајден рекол дека за истрагата дознал во вторникот, но не открил никакви дополнителни информации.

Педесетгодишниот Бајден со години нананзад беше под критики на републиканците, особено поради неговите сомнителни аранжмани во Украина и во Кина, во периодот кога неговиот татко беше поптретседател на САД во мандатот на Џо Бајден.

Новата истрага за даночно затајување на Хантер Бајден започнува во периодот кога неговиот татко го комплетира својот кабинет. Доколку истрагата продолжи откако Џо Бајден следниот месец ќе ја преземе должноста, идниот главен државен обвинител, кого ќе го избере тој, би ја надгледувал истрагата против неговиот син.

Као што претходно годинава пишуваа американските медиуми, на Сенатскиот комитет за безбедност и финансии, откриени се деловни врски на неговиот син Хантер Бајден во Украина и во Кина. Станува збор за милионски договор на Хантер Бајден со најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma Holdings“ којашто во 2016 година беше под истрага за корупција но според медиумите под влијание на Џо Бајден тогашниот украински претседател Петро Порошенко го сменил државниот обвинител и истрагата била прекината.

Инаку, основач на „Burisma Holdings“ е Микола Злочевски, поранешен министер во владата на соборениот украински претседател Виктор Јанукович, додека мнозинскиот пакет акции го држи прорускиот олигарх Игор Коломојск.

Во извештајот за истрагата се наведуваат и други деловни аранжмани Хантер Бајден со странски партнери, како што се донации од 3,5 милиони долари на Елена Батурина, вдовица на поранешниот московски градоначалник за која се смета дека е блиска на рускиот претседател Владимир Путин.

Хантер Бајден, според истиот извор, во 2013 година по посетата на неговиот татко Џо Бајден на Кина, ја основал компанијата „Bohai Harvest“ на чија сметка биле уплатени 1,5 милијарди долари од сметка на кинеската влада. Покрај тоа, синот на потпретседателот Бајден во 2014 година станува инвеститор во кинеската компанија „China General Nuclear“ (CGN), којашто била под истрага на американското Федерално биро за истраги (FBI) поради кражба на нуклеарни тајни.

Во октомври во дневниот весник The New York Post се појави статија базирана на електронска преписка на Хантер Бајден. Едно од писмата датирано од 17-ти април 2015 година испратено една година откако синот на Џо Бајден влезе во управата на украинската енергетска компанија „Bursima“, каде што примал месечен надомест од 50.000 долари месечно, иако не бил ниту стручен ниту за енергенсите, ниту за Украина. Советникот на управата на компанијата, Вадим Пожарски, во ова писмо му се заблагодарува на Хантер Бајден за поканата во Вашингтон и можоста да се сретне со неговиот татко Џо Бајден, кој во тоа време беше потпретседател во администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама. Во вториот презентиран допис од мај 2014 година, Пожарски бара совет од Бајден помладиот за тоа како неговото влијание може да се користи „од име на компанијата“.

Хантер Бајден во 2014 година, по превратот во Киев, станал член на управниот одбор на најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma“ а неговиот татко Џо Бајден во 2016 година стана главен човек во САД задолжен за Украина. Младиот Бајден земал 50.000 долари месечно иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергијата. Потпретседатлот Бајден му се заканил на тогашниот украински претседател Петро Порошенко со запирање на американската помош за да го присили да го отпушти главниот државен обвинител Виктор Шокин кој ја истражувал корупцијата во компанијата, а меѓу другите бил истражуван и Хантер Бајден, кој остана член на управата на „Burisma“ до 2019 година.

Фактите покажуваат дека Шокин беше сменет во тој период, а запрена истрагата за „Burisma“. Во февруари 2020 година, украинското Државно биро за истраги отвори кривична постапка по изјавата на Шокин за наводно мешање во неговата истрага од страна на Џо Бајден.

Поврзани новости