Пронајдена е јахтата на која пловел Наум Петрески: Драма во водите на океанот!

by Fokus

Веста дека фолк ѕвездата Наум Петрески исчезнал на јахта во водите на Порт Хакинг, во близина на Сиднеј, Австралија, објавена во повеќе медиуми денес, ја вознемири јавноста.

Заедно со него биле и музичарот Стив од Куку Леле, продуцентот на ИН ТВ Ване Петкоски и уште неколку пријатели. Тие заминале на риболов денес, и покрај големите бранови, а набргу потоа им се изгубила секаква трага.

Никој не можел да стапи во контакт со нив, и настанала паника помеѓу најблиските, кои претпоставиле дека се случила трагедија. Со часови траела потрагата по групата риболовци, за да на крај се испостави дека на јахтата снемало мрежа, па поради тоа не биле достапни на телефон.

Продуцентот Петковски потврди дека сите се живи и здрави, и како нема потреба за загриженост. На својот Фејсбук профил тој објави заедничка фотографија и порача дека се е во ред, но и покрај тоа, на мобилните телефони не беа достапни ниту Петкоски, ниту пак Наум.

Драмата со исчезнувањето на јахтата траела неколку часа и ги вознемири семејствата на риболовците, но и јавноста. Наум и неговата сопруга, фолк пејачката Зуица Лазова се во Австралија, на турнеја во поголемите градови. Ова е нивна турнеја кај нашинците таму, по пауза од околу десет години.

Вики Клинчарова

Поврзани новости