Пронајден маж во бесознание кај олимписки базен, лекарите не успеале да го вратат во живот

by fokus

Вчера утрината, околу 11.40 часот, во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, со екипа на Итна медицинска помош, бил донесен 66-годишниот В.А. од Кавадарци. Тој бил пронајден во безсознание во близина на олимпискиот базен во Скопје.

По неуспешните обиди за реанимација, во 12.30 часот од страна на лекар била констатирана смрт.

Од полицијата велат дека телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Поврзани новости